Од петок повторно бесплатен јавен превоз за пензионери

27.05.2020 11:59

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема...

Од петок (29.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, и тоа жени со над 62 години, мажи со над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид- 19.