Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

27.05.2020 14:28

Со двотретинско мнозинство на Ријасетот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ) денеска е разрешен од позицијата прв човек на ИВЗ, досегашниот Реис Ул Улема Сулејман Реџепи...

Со двотретинско мнозинство на Ријасетот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ) денеска е разрешен од позицијата прв човек на ИВЗ, досегашниот Реис Ул Улема Сулејман Реџепи, изјави гостиварскиот муфтија, Шаќир Фетаи, кој истовремено е поставен како вршител на должност претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави Ефенди Шаќир Фетаи по одржувањето на вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ.

Зад оваа одлука застнал две третини од составот на Риасетот и тоа: муфтиите на Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Струга, Охрид, Кичево и Битола, координаторите на Муфтиството во Штип и Дебар, деканот на Исламскиот факултет во Скопје, директорт за дијаспора на ИВЗ и член на Ријасетот.