Полицискиот час го прекршиле вкупно 4.783 граѓани

27.05.2020 15:04

Од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени вкупно 2.632 кривични пријави за 3.137 дела против 3.412 сторители. Најголемиот дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола...

Вкупно 4.783 граѓани не ја почитувале одлуката на Владата за ограничување на движењето, од нив вкупно 3.110 се приведени од страна на полициските службеници- соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени вкупно 2.632 кривични пријави за 3.137 дела против 3.412 сторители. Најголемиот дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните на општините кои потпапаѓаат под секторите за внатрешни работи Велес и Куманово, соопшти министерот Чулев.

Во однос на мерките за почитување на самоизолација и изолација, министерот Чулев истакна дека се поднесени вкупно 127 кривични пријави за 156 кривични дела против 169 сторители, а вкупно 5.030 лица до сега се спроведени во државен карантин.

Исто така, Чулев посочи дека во врска со обврската за носење на лична заштита до сега се констатирани вкупно 1.973 прекршоци, додека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во изминатиот период постапувал по 57 случаи за говор на омраза поврзан со Ковид- 19, при што до Основното јавно обвинителство поднесени 33 известувања и две кривични пријави.

Министерот за внатрешни оцени дека граѓаните во најголем дел ги почитуваа мерките на Владата, и се заблагодари на таквото граѓанско поведение и поддршка. Истовремено министерот им оддаде признание и на сите припадници на МВР, особено потенцирајќи ја улогата и активностите на припадниците на униформираната полиција.