МВР: На 70 лица им се издадени решенија за изолација, регистриран 461 прекршок на неносење заштита на лице
28.05.2020 10:13
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација-соопштуваат од МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок.
