Сојузнички авиони над Скопје за добредојде на земјава во НАТО

29.05.2020 15:04

Прелет на сојузнички авиони над Скопје како поздрав на членството на земјава во НАТО. Два авиона на Американското воено воздухопловство придружувани од четири грчки авиони извршија прелет на македонската територија во чест на нашето члентво во Алијансата. Половина час пред пладне авионите прелетаа над главниот град на височина од 1,5 километар.

Прелет на сојузнички авиони над Скопје како поздрав на членството на земјава во НАТО. Два авиона на Американското воено воздухопловство придружувани од четири грчки авиони извршија прелет на македонската територија во чест на нашето члентво во Алијансата. Половина час пред пладне авионите прелетаа над главниот град на височина од 1,5 километар.

„Денешниот настан, заедничката координирана акција на нашата Армија заедно со НАТО командите, со воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку е реална, воена и одбранбена“, изјави мнистерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија, како и гест преку кој ви посакуваме добредојде како 30-та членка на НАТО Алијансата“, изјави американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

Заинтересираните граѓани можеа да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација. Американските авиони летнаа од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30-часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

„Летот е комплетно организиран од командата на силите за Европа и воден преку воздухопловните оперативни центри , каде е вклучен и нашиот нов воздухопловен оперативен центар и кадешто сите летови и координација се извршени преку системот за контрола на воздушниот простор“, рече полковник Валентин Ивановски-раководител на Сектор за воено воздухопловен авторитет.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со многубројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците.

Како членка на НАТО, Северна Македонија е опфатена со програмата за воздушно патролирање за заштита на воздушниот простор над земјите-членки.

 

Ирина Гелевска