Утре напладне седница на Советот за безбедност

29.05.2020 16:57

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче-соопштуваат од претседателскиот кабинет...

Советот за безбедност утре со почеток во 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче-соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Според најавите, Советот за безбедност ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Претседателот Пендаровски, почнувајќи од 18-ти март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.