Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во самоизолација
02.06.2020 12:00
Била во контакт со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која на тестот доби позитивен резултат на Kовид-19.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оди во самоизолација. Била во контакт со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која на тестот доби позитивен резултат на Kовид-19.
„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден“, информираше Кузеска.
