Завршни зборови на Катица Јанева за „Рекет“
02.06.2020 13:41
Според адвокатот Кадиев, Русковска му дала можност на Камчев преку „Рекет“ да си даде одбрана за „Империја“...

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува со завршните зборови на второобвинетата Катица Јанева и нејзината одбрана. Адвокатите на Јанева тврдеа дека обвинението е покренато со докази без покритие.
Според адвокатот Кадиев, Русковска му дала можност на Камчев преку „Рекет“ да си даде одбрана за „Империја“. Додаде дека било очигледно оти осудениот Зоран Милески имал единствена задача, незаконски да снима разговори кои ги води, да нуди и да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела.
Пресудата за „Рекет“ се очекува да биде изречена деновиве.
