Судство

Пресуда за „Рекет“ на 18-ти јуни

02.06.2020 15:45

„Невина сум и немам сторено кривично дело. Бев изманипулирана“ – завршни зборови на поранешната специјалната обвинителка Јанева во „Рекет“. Нејзината одбрана смета дека на снимките од телефонот на Јовановски не се гледа ниту давање, ниту земање пари...

„Невина сум и не сум сторила кривично дело“, изјави екс-специјалната обвинителката, Катица Јанева во својот завршен збор на судењето за случајот „Рекет“. Јанева рече дека обвинителката Рускоска била малициозна и оти против неа водела процес без докази, а на тапет било ставено и Специјалното обвинителство.

„Многу колеги ме бараа да ги земам во СЈО, но битката против криминалот не се води до 16 часот, а потоа со ракиичка и салата“, изјави Јанева. Нејзинаат одбрана побара ослободтелна пресуда, бидејќи смета дека обвинителствоте не докажало пречекорувања на службената должност, издавање тајни податоци за случајот „Империја“ и оти немало докази за набавката на гарнитурата и 50 илјади евра.

Адвокатите на Јанева очекуваат ослободителна пресуда зошто обвинителството не докажала транскација на над 1,5 милион евра за кој се товари екс специјалната обвинителка.

Пресудата за случајот „Рекет“ ќе биде соопштена на 18-ти јуни.

Ирина Гелевска