Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок
Министерството за здравство информираше дека во 13 часот, министерот за здравство Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи...

Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа. Информациите од Институтот за јавно здравје велат дека најголем број од новозаразените се од Скопје. Сѐ уште се работат и други земени брисеви.
Поради големиот број новозаразени, Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во проширен состав. Министерството за здравство информираше дека во 13 часот, министерот за здравство Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.
Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.
Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Северна Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, соопштуваат од Министерството за здравство.
