475 лица казнети за неносење маска во изминатите 24 часа
03.06.2020 11:10
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 475 прекршоци, соопштуваат од МВР...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 475 прекршоци, соопштуваат од МВР. На 392 лица им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
