МТСП: Петок, 5 јуни е неработен ден за сите граѓани
04.06.2020 09:36
Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.
