Наплив на пациенти од Струшко- охридскиот регион во битолскиот Регионален ковид- центар
Последниве денови наплив на заразени пациенти од Струшко- охридскиот регион во битолскиот регионален ковид центар. За тримесечното функционирање тука се починати само две лица и нема ниту едно заразено медицинско лице на работното место. Позитивно е и тоа што во Општина Битола до овој момент има само две активни лица со Ковид- 19...

Кога помисливме дека се гледа крајот, сотојбата се смени. Од двајца згрижени пациенти заразени со Ковид- 19, деновиве бројката за неколкупати се зголеми, велат од регионалниот центар при битолската Клиничка болница. Напливот доаѓа од еден од кризните региони кој го покрива овој центар.
Во региналниот центар организираноста велат е на високо ниво и проследена со сите пропишани потоколи. Вклучени се четири искусни инфектолози поделени во тимови составени и со останатиот соодветен медицински кадар.
Податоци кои се актуелни за последните 24 часа. Никој не знае што ќе донесе следниот ден па затоа, како што велат, веќе се разработени и протоколите во однос на сместувачкот капацитет.
Засега успешното делување на Регионалниот центар се должи и на одличната синхронизирана работа со ваботените во Здравствениот дом и епидемиолозите од Центарот за јавно здравје.
Стевче Митревски
