Расте бројот на новозаболени од Ковид-19
Според одредени сознанија бројката има пораст. Во текот на вчерашниот ден здравствените власти информираа за 120 инфицирани, но останаа со прогноза, до крајот на неделава ќе има поинаква, подобра слика...

Се очекуваат официјалните податоци за бројот на новозаболени од коронавирус во земјава. Според одредени сознанија бројката има пораст.
Во текот на вчерашниот ден здравствените власти информираа за 120 инфицирани, но останаа со прогноза, до крајот на неделава ќе има поинаква, подобра слика. Апел за коректно однесување и давање точна информација од страна на заразените лица.
Во тек е полицискиот час во времетрање од 80 часа во 10 опоштини во државава. Забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државава.
За време карантинот, полицијата изготви посебен протокол за влез и излез од државата. Граѓаните што ќе пристигнат со валиден и негативен тест, ќе може да се преземат од граничните премини, а лицата што ќе ги преземат, претходно ќе треба тоа да го пријават на 192 каде што ќе остават податоци.
Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата, односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават во полиција - информираа од МВР.
