МВР: 203 лица не ја почитувале забраната за движење, 155 приведени

06.06.2020 10:31

Во текот на изминатото деноноќие, на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршоци.