Викенд карантин во општините со најмногу заболени од Ковид-19
Измина повеќе од половина од 80-часовниот викенд карантин во општините со зголемен број на заболени од Ковид-19. Во останатите градови денеска и утре забраната за движење од 16 до 5 часот наутро. Зголемен е бројот на полицајците на терен. Во текот на изминатите 24 часа, 203 лица не го почитувале полицискиот час, приведени се 155 лица...

Измина повеќе од половина од 80-часовниот викенд карантин во општините со зголемен број на заболени од Ковид-19. Скопје е пусто, делумно заради забраната за движење, а делумно поради фактот што во четвртокот попладне поголем број скопјани го напуштија градот.
Во сите останати градови денеска и утре забраната за движење е од 16 до 5 часот наутро. За празникот Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија до понеделник до 5 часот.
Зголемен е бројот на полицајците на терен, особено во градовите- туристички дестинации во земјата.
Во текот на изминатите 24 часа, 203 лица не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 155, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки- информираат од МВР.
На 722 лица им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација. По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршок.
