За лицата во самоизолација апликацијата „Стоп Корона“ ќе биде задолжителна

06.06.2020 13:53

Идната недела владата ќе донесе одлука сите лица што се во самоизолација задолжително да ја инсталираат мобилната апликација „Стоп Корона“...

Идната недела владата ќе донесе одлука сите лица што се во самоизолација задолжително да ја инсталираат мобилната апликација „Стоп Корона“, вели за МТВ министерот за информатичко општество и администрација Манчевски. Досега 60 илјади граѓани ја имаат на своите мобилни. „Стоп Корона“ е наменета за откривање на близок контакт на потенцијално заразени лица со Ковид-19...

Бети Мемиќ