МВР: 975 прекршоци за неносење заштита на лице во изминатото деноноќие

09.06.2020 09:58

На 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци, соопшти МВР.

На 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.