Владата ќе одржи седница преку видео-конференциска врска

09.06.2020 13:18

Денеска со почеток во 14 часот, Владата ќе одржи седница преку видео-конференциска врска, соопшти владината прес- служба...

Денеска со почеток во 14 часот, Владата ќе одржи седница преку видео-конференциска врска, соопшти владината прес- служба.

На 63-тата седница, меѓу другото, на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог- програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.