И годинава климатските промени негативно се одразуваат врз продуктивноста на пчелните семејства

09.06.2020 14:33

Уште една година во континуитет одгледувачите на пчелни семејста се жалат на климатските промени. Оваа сезона дополнителни промблеми создава и корона вирусот. Спуштените рампи на границите не дозволуваат да се набават соодветните заштитни препарати. Пчеларите велат дека доколку и во следниот период нема подобрување на состојбите, производството ќе биде мало, односно колку да преживеат пчелните семејства...

Текот на временските услови за последните неколку месеци навестува дека одгледувачите на пчелни семејства ќе имаат уште една во континуитет турбулентна година. Минатомесечниот сушен период и невообичсените ниски утрински и ноќни температури за последниве недели драстично ќе ја намалат продуктивноста на пчелите. Временките неприлики влијаеа и на вегетацијата на растенијата со што пчелите имаа слаба паша.

Првиот човек на Републичкиот пчеларски сојуз вели дека само идеални веменски прилики и стимулативната посветеност на пчеларите, можат да придонесат за подобрување на продуктивноста.

На актуелниве проблеми, свој додаде и актуелната состојба со коронавирусот.

Сепак, и покрај неколкугодишните проблеми Трајковски вели дека бројката на пчелни семејства на државно ниво е стабилна и се движи околу 250.000.

Стевче Митревски