Штип со најмногу позитивни случаи на Ковид-19 на 100.000 жители
Штип е прв на листата според бројот на регистрирани позитивни случаи на Ковид-19 на 100.000 жители. Освен во текстилните компании, вурусот се прошири и во неколку државни институции. Болницата во Штип се подготвува за проширување на капацитетот на инфективното одделение, а заради заболување на медицинскиот персонал, ќе бара лекарски кадар од соседните општини...

Дваесет и четири заболени од Ковид- 19 се лекување на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Заради влошување на состојбата, еден пациент е однесен на лекување во Скопје, четворица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Позитивен на коронавирус е и дел од медицинскиот персонал од штипската болница
Болницата е подготвена за план Б, прием на поголем број пациенти од капацитетот на инфективното одделение со дислокација на пациентите од Одделот за нервни, на одделот за интерни болести. Лекарите со апел до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки заради своето и колективното здравје, а ние ги запрашавме штипјани дали решението за овој проблем во Штип е да се заострат мерките и забраните, или е доволно да се почитуваат препораките.
И покрај порастот на бројот на заболени во Штип, среќа во несреќа е што поголем процент на инфицираните се без или со слаби симптоми, велат инфектолозите во Штип, но воедно тие заради отсуство на симптоми, се и најголемата опасност за ширење на вурусот.
Славица Величковска
