Полагање испити со маски и на растојание
Со сите мерки и протоколи се одвива полагањето со физичко присуство на прилепскиот Економски факултет. Со почитување на протоколите студените на проверка на знаењата стекнати преку интернет- предавањата...

Околу 700 студенти на Факултетот од повеќе градови во земјава ги полагаат колоквиумите со физичко присуство, како што се изјаснија според анкетите и просторот во амфитеатрите.
Мерките во целост се спроведуваат. Дури и новинарската екипа беше потесетена да стави и ракавици. За сите е прво, необично искуство, но, велат нема проблем.
Некои сѐ уште се скептични. Студентите дневно полагаат во три сесии за да нема навалица. Оваа е интензивна колоквиумска недела.
Полагањето испити на прилепскиот Економски факултет ќе биде до средината на јули, 15-ина дена повеќе од вообичаените термини.
Елизабета Митреска
