Политиката во полицијата
Министерот кадар на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на Бирото за јавна безбедност од СДСМ. Полицијата меѓу два огна. И меѓусебни обвинувања за пропусти во теренската контрола во спроведувањето на мерките за заштита од Ковид-19. Експерти за МТВ коментираат дека ова се префрла на подолните ешалони и затоа МВР делумно не ја заврши работата. Анализираат дека ова ќе се влошува ако има уште полоши ефекти од менаџирањето со кризата...

Наместо политизација, одржување на професионализмот во редовите на Министерството за внатрешни работи – апелираат професорите по безбедност. По низата препукувања на релација партија кон министер и вперување прст од минисетрот кон директорот на Бирото за јавна безбедност, професорот Александар Нацев смета дека тоа се должи на лошото менаџирање на кризата па одговорноста се префрла.
Професорот Дујовски вели- безбедносниот систем фунционира на високо ниво. Разногласијата во МВР меѓу именуваните политички кадри се префрли на подолните ешалони, но тоа може да се превенира внатрешно.
Професорите едногласни дека техничка влада во вакви услови не е среќно решение. Партизацијата излегува во преден план.
Оние кои едуцираат идни безбедносни кадри посочуваат дека припадниците на МВР треба да се држат до професионализмот и законите како единствен начин да се обезбеди поголема безбедност и сигурна иднина.
Миле Ристески
