Геријатриската болница успешно се справува со коронавирусот
Геријатриската болница „13 Ноември“ во Скопје со максимална примена на мерките за заштита досега успешно се справува со пандемијата од коронавирусот, потенцира директорката д-р Салија Љатиф Петрушевска...

Геријатриската болница „13 Ноември“ во Скопје со максимална примена на мерките за заштита досега успешно се справува со пандемијата од коронавирусот, потенцира директорката д-р Салија Љатиф Петрушевска.
Ова е особено значајно затоа што пред три месеци имаше еден позитивен случај кај персоналот и тројца корисници од различни објекти, од кои двајца го победија вирусот и еден смртен случај. Апелите во целиот свет и кај нас се дека во ваквите установи се потребни сериозни напори за да се зачува здравјето на овие високо ризични пациенти, вели директорката на болницата.
Од почетокот на пандемијата во болницата е забранета посетата на пациентите. Амбулантските прегледи и дијагностичките иследувања сега се редуцирани, освен за итни случаи и се внимава на заштитата на пациентите.
Изразувајќи голема благодарност до целокупниот персонал и семејствата на корисниците за разбирањето Петрушевска предупредува до граѓаните дека вирусот постои и дека само со почитување на мерките ќе се справиме со опасностите од него.
Билјана Јанакиеска
