Изградба на нова магистрална водоводна линија во неколку села и населби близу Велес
Општина Велес ќе реализира проект изградба на нова магистрална водоводна линија во населба Речани, Дорутовец, Трпезица, село Чолошево и дел од населбата кај Езеро Младост. Овој проект е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од Јавното комунално претпријатие Дервен велат дека овој проект треба да се реализира за околу два месеци...

75-годишниот Михаил Захов од село Чолошево, вели дека во својот животен век, водата како основно средство за егзистенција сѐ уште ја нема во целост обезбедено. За своите потреби тој морал да ископа бунар кој преку хидрофор внесува вода во неговиот дом. Хидрофорите се решенија, но дали тој и неговите соселани не заслужуваат во своите домови да имаат чиста вода од градскиот водовод.
Овој проблем е на повидок да се реши. Општината работи на проект за изработката на основна водоводна мрежа кој ке овозможи квалитетно снабдување со вода за жителите од населба Речани, Дорутовец, Трпезица и дел од населбата кај Езеро Младост.
Изградбата на оваа магистрална водоводна линија Делница 1, овозможува во населбата Речани да се изградат седум секундарни водоводни линии.
Памела Цилаков
