МВР

Казни за 1.143 лица кои не носеле маски

10.06.2020 09:39

Регистрирани се 1.143 прекршоци по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, соопштуваат од МВР. На 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, регистрирани се 1.143 прекршоци по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, соопштуваат од МВР.

На 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.