Ковид-19

Нема полициски час, засилени контроли на терен

10.06.2020 12:24

Иако епидемиолозите предложија полициски час во општините со најмногу заразени од Ковид-19, Владата не прифати. Полицијата и инспекторите со засилени контроли на терен. Деновиве нова анализа на состојбата...

Иако Комисијата за заразни болести предложи полициски час, Владата не прифати. Се воведуваат засилени контроли и мониторинг во подрачјата каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

МВР, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција ќе изготват посебни акциски планови за контрола и спречување на непочитувањето на мерките за заштита, и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

Лицата во изолација се должни да ја инсталираат апликацијата „Стоп Корона“ како превенција од ширење на вирусот. Секое прекршување ќе биде санкционирано со задолжителен државен карантин.