Евроинтеграции: Почнува постапката за нацрт- преговарачката рамка

10.06.2020 12:45

Почнува постапката за нацрт- преговарачката рамка за земјава. Документот треба да биде објавен до крајот на јуни. Првата меѓувладина конференција се очекува за време на германското претседателство, меѓу септември и декември годинава...

Европската комисија денеска на состанок во Брисел се очекува да ја почне постапката за преговарачката рамка за земјава. Документот се смета за најважен, во кој земјите- членки ги утврдуваат своите позиции, а потоа Комисијата која технички ќе преговора со земјава, треба да ги почитува тие позиции и континуирано да ги информира.

Очекувањата се дека Европската комисија ќе ја објави преговарачката рамка до крајот на јуни, за време на хрватското претседателство со Унијата, заедно со годишниот извештај за напредокот на Македонија.

Првата меѓувладина конференција како официјален почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија би се одржала за време на германското претседателство, меѓу септември и декември годинава.