Владата ќе одржи седница преку видео-конференциска врска

10.06.2020 13:46

На денешната, 64-та седница ќе се разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.

Владата денеска со почеток во 15:30 часот, ќе одржи седница преку видео-конференциска врска со повеќе точки на дневен ред.

На денешната, 64-та седница ќе се разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.

На оваа седница на предлог на Министерството за економија на дневен ред, меѓудругото е и Информацијата во врска со Програмата за субвенции за кофинансирање на настани за 2020 година.

На денешната седница Владата ќе ја разгледа и Информацијата за ставање во функција на веб-страницата за електронски донации solidarnost.gov.mk, со цел да се олесни и поедностави целиот процес на донирање на финансиски средства за сите правни и физички лица кои имаат можност и волја да донираат, како и да се препознае општествено одговорното однесување и да се поттикне солидарноста, во рамки на донаторската сорабаотка.