15 проценти од тестираните 800 текстилци во Штип заразени со коронавирус

10.06.2020 14:21

Речиси 15 насто од тестираните текстилни работници позитивни на Ковид-19. Првичните анализи од направениот скрининг во седумте конфекции покажа дека од вкупно 800, 126 се заболени. Се чекаат рзултати за уште четириесетина...

Првичните резултати од скринингот на околу 800 вработени во седум текстилни компании во Штип потврдија присуство на Ковид- 19 кај 126 лица. Но, и покрај големиот број  инфицирани, добро е што процентот на заразени во однос на тестираните во Штип останува да се движи од 10 до 15 насто, а добро е и тоа што 85 насто од заразените се со никакви или слаби симптоми, велат епидемиолозите. Во Штип активни се пет кластери, над 500 лица се во самоизолација, епидемиолошките анкети се во тек и ситуацијата е под контрола.

Од утре почнува скринингот на над 200 вработени во штипските градинки, а од денес викнати на работа се вработените со негативни тестови во фабриките кои беа зафатени со заразата. Има ли епидемиолошка оправданост за ваквата одлука?

Коронавирусот експресно се рашири во штипските текстилни фабрики со потврда на првиот заболен на 24-ти мај. Првиот круг на зараза ги опфаќа неговите колеги со кои комуницирал и професионално и приватно, како и лицата во автобусот со кој доаѓал на работа.

Славица Величковска