Образование

Крај на учебната година

10.06.2020 14:58

Учебната година за 270 илјади основци и средношколци и официјално заврши. Поради епидемијата на коронавирусот, три месеци се изведуваше електронски. За оваа генерација се укина и полагањето на државната матура. „Посакуваме од први септември враќање во училишните клупи, но сме подготвени за секакво сценарио“, вели министерот Адеми...

Поради коронавирусот, три месеци училиштата беа затворени. Воспитно- образовниот процес се одвиваше електронски. Дојде крајот на учебната година, се заклучуваат оценките и се завршуваат административните работи во училиштата.

Наставата во основните и средните училишта во државава се спроведуваше со помош на дигиталните платформи и апликации. Дел од наставата и на МТВ преку проектот „ТВ Училница“.

Министерот Адеми вели дека се подготвени за секакви сценарија и за следната учебна година.

Владата донесе уредби за основното, средното и високото образование со кои се организираше наставата и оценувањето од дома.

Поради коронавирусот, 138 држави ги затворија училиштата. Се откажаа екскурзиите, матурските и полуматурските прослави, се избегнуваа сите групни собири по препорака од надлежните служби.

 

Јасмина Никова