Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

10.06.2020 15:46

Со прелет на воздухопловите на Армијата, одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ. Единицата постои 28 години, а годинава својот роденден го прославува за првпат како армиска единица на земја- членка на НАТО. На свеченоста прелет и на авиони Ф-16 на грчкото воздухопловство, кои изведуваат редовно воздушно патролирање по нашето членство во Алијансата...

Со прелет на воените хеликоптери над Воениот аеродром и над Скопје, беше одбележан 28 роденден на воздухопловниот ВИНГ, 10-ти јуни. За првпат овој ден е обележан како земја- членка на НАТО и во услови на светска пандемија.

Малкумината припадници на возихопловниот ВИНГ со заштитни маски во строј пред присутните гости од Армијата, Министерството за одбрана, воените аташеа, и претставниците на Алијансата. Случајно роденденот на вингот е роденден и на министерката за одбрана.

Плановите во наредните години се вложување во летала, опрема и персонал за авијацијата.

Меѓу гостите и грчкиот амбасадор кој го проследи прелетот на два авиона Ф-16 на грчкото воздухопловство, кои изведуваат редовно воздушно патролирање на НАТО над нашата територија, што почна по официјалното членство во Алијансата.

Воздухопловниот ВИНГ беше првиот дел од вооружените сили што прв се интегрираше во НАТО Алијансата.

 

Ирина Гелевска