Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот
Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките - задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете, соопштуваат од Министерството за здравство...

Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките - задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете, соопштуваат од Министерството за здравство.
„Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, изјави министерот Филипче.
При секое излегување надвор, да се придржуваме во мерките - растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори. Да не се групираме повеќе од две лица, пришто од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење на маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од 2 метра.
