МВР: Казни за 620 лица кои не носеле маски

15.06.2020 10:39

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, МВР регистрира 620 прекршоци...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, МВР регистрира 620 прекршоци.

На 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.