Позитивен на Ковид-19 генерал- мајорот Нуредини
15.06.2020 13:03
Уште едно лице од неговиот кабинет истотака било позитивно на тестот, а според протоколот уште неколкумина се веќе во изолација...

Од Армијата за МТВ потврдија дека заменик началникот на генералшабот генерал- мајорот Азим Нуредини е позитивен на тестот на коронавирусот. Уште едно лице од неговиот кабинет истотака било позитивно на тестот, а според протоколот уште неколкумина се веќе во изолација.
Од Генералштабот информираат дека се дезинфицираат престориите во коишто престојувале позитивните лица. Според преземените процедури во изминатите неколку недели заменик началникот немал контакти со началникот на Генералштабот на Армијата, а досега десеттина припадници на вооружените сили биле позитивни на тестот за Ковид- 19.
