633 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие

17.06.2020 10:21

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.