МВР: Казни за 706 граѓани кои не носеле маски

18.06.2020 09:51

Исто така, на 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 706 прекршоци, соопштуваат од МВР.

Исто така, на 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што утврдено е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација.