Лекар во Итната помош во Штип позитивен на Ковид-19

18.06.2020 17:04

Коронавирусот ја зафати Итната медицинска помош во Штип. Еден лекар е позитивен и за сега петмина од медицинскиот кадар се во изолација. Градоначалникот на Штип апелира сите компании да имаат ковид координатори...

Првиот позитивен на Ковид-19 во Здравствениот дом во Штип е лекар во Итната медицинска помош. Епидемиолошките анкети се во тек и опфаќаат голем број граѓани кои имале контакт со лекарот, а петмина негови колеги веќе се во изолација. Доколку вирусот не се прошири, Итната медицинска помош во Штип нормално продолжува со работата.

Над 170 казни на правни и физички лица за непочитување на препораките се изречени од страна на штипското обвинителство, но ефектите не задоволуваат, заради што треба да се зајакнат превентивните мерки, смета градоначалникот на Штип.

Во моментот како резултат на ширење на коронавирусот во Штип, една текстилна компанија не работи, шест работат со намален капацитет, а сѐ уште под клуч се Подрачната единица на Фондот за пензиско осигурување и Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор.  

 

Славица Величковска