Почина Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН и поранешен новинар

19.06.2020 10:05

Работеше како новинар и презентер на вестите во МРТ и во Канал 5, а последните години беше портпарол на ЕВН...

Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски, кој на јавноста и беше познат од ТВ екраните.

Работеше како новинар и презентер на вестите во МРТ и во Канал 5, а последните години беше портпарол на ЕВН.

На социјалните мрежи, колеги и пријатели изразуваат сочувство и се простуваат од Ковачевски.