На 566 лица им се издадени решенија за изолација во текот на изминатото деноноќие
22.06.2020 12:43
Во државен карантин на сопствен трошок се спроведени 13 лица, меѓу кои и еден полициски службеник, а против нив ќе бидат поднесени и кривични пријави...

На 566 лица им се издадени решенија за изолација во текот на изминатото деноноќие, а 178 потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.
Во државен карантин на сопствен трошок се спроведени 13 лица, меѓу кои и еден полициски службеник, а против нив ќе бидат поднесени и кривични пријави.
По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 707 прекршоци, стои во соопштението од Mинистерството за внатрешни работи.
