Истекува осумдневната вонредна состојба, изборната кампања почнува во среда

22.06.2020 12:45

Изборната кампања почнува во среда. Партиите ветија фер и демократски избори, за што потпишаа и кодекс. Најавија дека ќе се фокусираат на кампања, која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните, без големи настани и митинзи, со зголемено користење на социјалните мрежи.

Истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15--ти јули.

Изборната кампања почнува во среда. Партиите ветија фер и демократски избори, за што потпишаа и кодекс. Најавија дека ќе се фокусираат на кампања, која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните, без големи настани и митинзи, со зголемено користење на социјалните мрежи.

Според поднесените листи до ДИК, на предвремените парламентарни избори ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.

Партиските програми ќе можат да ги претставуваат до 12-ти јули во 24 часот кога, според ревидираниот роковник на ДИК, завршува изборната кампања.