Набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР подготвен за работа

22.06.2020 13:09

ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15-ти јули. Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје, и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес.

Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19-ти јуни, е подготвен за работа. Членовите веќе имаа средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес.

ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15-ти јули. Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје, и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес.

Внимателно ќе се оценува, колку изборите се одржуваат согласно со заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандари за демократски избори, како и согласно со националното законодавство, велат од мисијата.