Хотелите од денеска се повторно отворени за гостите
22.06.2020 13:29
На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекција. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања.

По неколкумесечна пауза, хотелите од денеска се повторно отворени за гостите. Стапи во сила протоколот, според кој хотелите повторно може да работат.
На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекција. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања.
Гостинот со клучот треба да добие флаер со совети за заштита, а неговиот престој треба да биде дефиниран од внатрешен тим на хотелот.
Хотелските капацитети беа затворени со мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
