Факултетот за безбедност со препораки за функционирање на државата во вонредни услови

22.06.2020 14:44

Истражувачкиот тим на професори од Факултетот за безбедност утврди дваесет препораки кои се неминовни за функционирање на државата во вонредни услови. Велат, прва задача на новиот парламентарен состав треба да биде носење на Закон за вонредна состојба. Посочуваат дека е потребно и нормативно уредување на односите помеѓу Армијата и Полицијата, како и законско дорегулирање на Агенцијата за национална безбедност...

Истражувачкиот тим на професори од Факултетот за безбедност на последниот ден од вонредната состојба на државата со препораки за трансформација на безбедносниот систем за негово функционирање во кризна и вонредна состојба, како резултат на истражувањата вршени последниве месеци.

Утврдени се дваесет препораки кои се неминовни за функционирање на државата во вонредни услови. Прва задача на новиот парламентарен состав треба да биде носење на Закон за вонредна состојба, вели професорот Маријан Ѓуровски.

Како најслаба алка во вонредната состојба ги посочија Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Велат, потребно е и нормативно уредување на односите меѓу Армијата и Полицијата, како и законско дорегулирање на Агенцијата за национална безбедност, да се даде поголема надлежност на локалната власт како и единствена државна заедничка проценка на ризиците и заканите по безбедноста.

 

Елизабета Кузмановска