Струмица: Нов квалификациски испит за средното медицинско
Родителите на струмичките средниошколци кои се запишаа во струката за медицинска сестра, изутрината не им дадоа на децата да го полагаат квалификациониот испит. Револтот доаѓа, по одлуката, пет ученика да не влезат во паралелката. Слободно место имало само за 34...

Родителите на 39 те ученици кои се запишаа во струмичкото сердно училиште „Димитар Влахов“ на струката за медицинска сестра , утрово не им дозволија на децата да го полагаат квалификациониот тест за да се направи селекција и паралелката да брои 34 ученика а 5 те да одпаднат.Велат не отстапуваат од барањето сите ученика да бидат примени, тои лани имало идентичен број на ученици во паралелката односно 38.
На кратко се појави и директорот на училиштето да им објасни на родителите и децата дека зад ваквата одлука стои министерството на образование , тој нема надлежност да ја менува и да гарантира упис на сите 39 ученика.
Откако утрово учениците не влегоа на квалификациониот испит , од училиштето информираа дека документите за упис ќе им бидат вратени на учениците и ќе се распише нов в среда.
Стојне Митева
