Локалните кризни штабови ќе одлучуваат како ќе го организираат јавниот превоз
Отсега локалните кризни штабови ќе одлучуваат како ќе го организираат јавниот превоз во време на коронакриза, изјави од Кризниот штаб на Општина Тетово по одржувањето на денешниот состанок. Инаку во последните 24 часа се евидентирани 4 случаи со Ковид- 19.

Со новите четири заразени, во тетовско досега се евидентирани 538 случаи. Од нив 169 се излечени 333 се сѐ уште активни и 36 починале. Најголем број од заболените и од активните случаи се од градот Тетово. Болницата засега ги исполнува капацитети за лекување на пациентите со Ковид- 19.
Градоначалничката Теута Арифи, по одржувањето на денешниот кризен штаб на Општина Тетово, рече дека отсега локалните кризни штабови ќе одлучуваат како ќе го организираат јавниот превоз во време на коронакризата.
Инаку, за само едно деноноќие на полошкото подрачје на вкупно 114 лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитни маски. Од Кризниот штаб на Општина Тетово велат дека досега има 1.000 лица од тетовско кои се во изолација, но речиси сите ги почитуваат здравствените препораки во време на пандемија.
Зоран Димовски
