Во изолација 651 лице, во самоизолација 346

23.06.2020 09:49

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок...

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при  што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се  618 прекршоци.