Неповолни временски услови за земјоделството
И во оваа недела времето со пониски температури и локални врнежи нема многу да им се погоди на земјоделците за вршење на работите на отворено. Жетвата на есенскиот јачмен ќе заврши подоцна, пчелите ќе останат скриени во кошниците, а плодовите на овошките ќе забават со зреењето...

Умерените температури на воздухот со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне, беа главна одлика на времето во изминатата седмица.
Слична прогноза не очекува и во текот на оваа недела. Повторно со минимално опаѓање на дневни температури кои во поголемиот дел од земјава нема да успеат го надминат триесеттиот степен.
Вакви услови во сезона кога трае на жетвата на есенскиот јачмен не им одговара на земјоделците за работа, а згора на се има и услови за невреме што може да им предизвика штети кај веќе зрелото зрно. Врнежите ќе ја успорат жетвата и комбајните ќе останат некое време надвор од полињата, но сепак од друга страна дождот ќе биде добредојден за жедните пролетните култури на кои им треба доволно вода.
Не толку високите температури, повремените врнежи и појава на слаб ветер не оди во прилог ни кај пчеларството поради тоа што се мијат цветовите на липата, а за пчелите се скратува излегувањето од кошниците.
Пониските дневни температури нема да бидат многу поволни и во овоштарството бидејќи ќе го успорат зреењето на раните сорти на овошки.
Методија Трајков
