Промовирани новите униформи на припадниците на Армијата
Промовирани новите униформи на припадниците на Армијата. Министерката Шекеринска им порача - со чест и достоинство да ја носите, убедена сум дека ова наше сојузништво и партнерство во кое покажавме дека се можни резултатите на секој план ќе продолжи...

Армијата заедно со здравствените работници и полицијата одигра една од клучните улоги во кризниот период и беше вклучена секаде каде што беше потребна нивната поддршка. Армијата е меѓу институциите во кои граѓаните имаат највисока доверба.
Последниве месеци се најсликовит пример зошто треба да се вложува во Армијата, а здравствената криза не ги намали инвестициите во Армијата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Денес војската зема поголеми плати , се користи нова опрема и нови машини за инженерците и се обновуваат објектите во касарната Илинден.
Со промоцијата на новите униформи се заокружува пакетот мерки за надминување на состојбата во Армијата и се заменува дотраената борбена опрема во Армијата.
Тања Сарандеска
