Ковид-19

Мерките се олабавуваат, епидемијата не стивнува

23.06.2020 13:38

Во државава има над 2.980 активни случаи со коронавирус. Вкупниот број надмина 5.200. Најголем број од заразените се од Скопје. Раст на новидијагностицираните лица има во Охрид и во Струга. Владата одлучи да се отворат казината, теретаните и фитнес центрите до крајот на неделава...

Мерките се олабавуваат, но епидемијата не стивнува. Во државава има над 2.980 активни случаи со коронавирус. Вкупниот број надмина 5.200. Најголем број од заразените се од Скопје. Раст на новидијагностицираните лица има во Охрид и во Струга.

Во болниците хоспитализрани се над 380 пациенти. Почнува лекувањето со новата антивирусна терапија, донација од Јапонија. Со неа ќе се третираат потешките случаи. Здравствените власти велат- капацитет има, но мерките да се почитуваат, персоналот е преморен.

Соработката со сите лекари и епидемиолози, давањето точни информации, контакти, е клучно за да се лоцираат сите коишто се во опасност, во спротивно може да предизвикаат дополнителна опасност за околината за ширење на вирусот- вели министерто Филипче.

Апелира економски оператори строго да се придржуваат до донесените протоколи и препораки за да ги заштитат и клиентите и вработените. Владата одлучи да се отворат казината, теретаните и фитнес центрите до крајот на неделава.

Како ќе се преминуваат границите, дали ќе се бара тест за ковид и ќе важи мерката за 14-дневната излолација или ќе биде без задолжително тестирање? Се прават консултации, според првичните најави на министерот Филипче денеска треба да се знае околу можноста за патување во странство за македонските граѓани.

Здравствените власти процениле дека епидемиолошката слика во целиот регион е со ист ризик. Меѓу опциите е потпишувањето на документи за следење, што беше свосјтвено на почетоткот на кризата.